Шест војници загинаа, а 28 се ранети во напад на вооружени милитанти врз воен пункт во пакистанската област Хајбер, јави Анадолија.
Воени извори наведуваат дека судирите меѓу силите за безбедност и милитантите траеле во текот на ноќта и оти во Хајбер се испратени дополнителни воени сили.
Одговорноста за нападот ја презеде групата Мангал Баг, која е оружено крило на милитантната група Лашкар-а-Таиба.