Хелсиншкиот комитет бара санкции за говорот на омраза во емисијата на Миленко Неделковски

Од:

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска преку соопштение реагираат во врска со регистриран случај на говор на омраза и повикувања на насилство во емисијата „Лејт најт шоу“ на Миленко Неделковски од 27 јануари годинава за што, како што велат, ќе поднесат и соодветни кривични пријави.

Општествено-политичките случувања во последниот период, како што се потпишувањето и ратификацијата на договорот за добрососедство со Република Бугарија, донесувањето на законот за јазиците, интензивираниот процес на преговори за името, предизвикаа или станаа повод за спирала на националистички, ксенофобични, иредентистички и етноцентристички реакции од дел од експертската јавност, но и од дел на граѓаните, велат од Хелсиншкиот комитет. Оттаму најостро го осудуваат говорот на омраза и повикувањата на насилство независно од кого потекнуваат.

Според Хелсиншкиот комитет, иако говорот на омраза и повикувањето на насилство и нетолеранција, кои потекнуваат од обичниот граѓанин, се опасни, далеку поопасни се оние што доаѓаат од јавните личности во земјата – политичари, новинари, аналитичари, членови на академската заедница, како и коментатори што имаат значителен број следбеници на социјалните мрежи.

„Последен ваков регистриран случај се искажаните ставови и пораки на новинарката Мирка Велиновска во гостувањето во емисијата ‘Лејт најт шоу’ од 27 јануари годинава, чиј автор и домаќин е новинарот Миленко Неделковски. Видеото од емисијата е моментно прво на трендинг-листата на „Јутјуб“ во Македонија и досега има речиси 50.000 прегледи. Во емисијата Велиновска употребува погрдни и навредливи зборови за албанската етничка заедница во земјата и пошироко претставувајќи ја како непријател на македонската етничка заедница. Велиновска понатаму изнесува тврдење дека ќе има терор на улиците во Македонија како одговор на гореспоменатите општествено-политички процеси, со тоа поттикнувајќи меѓуетнички тензии и нетрпеливост“, стои во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

Оттаму додаваат дека за говорот на омраза и повикувањата на насилство Хелсиншкиот комитет ќе поднесе соодветни кривични пријави до Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол на крајот во Гостивар

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Изречена казна затвор од една година за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Жител од Демир Капија обвинет поради омраза кон маргинализирана група

А1он

„Да ви се мочам во северната, пи*да ви материна“ – поради навреди на „Фејсбук“, Државниот архив пријави лице до МВР за говор на омраза

Ана Ололовска

Радовишанец и прилепчанец на Фејсбук ширеле говор на омраза