На 12 април Кејптаун ќе остане без вода

Од:

Жителите на Кејптаун наскоро ќе го дочекаат таканаречениот „нулта ден“ кога ќе останат целосно без вода, објави Си-ен-ен. Градските власти објавија дека славините буквално ќе останат суви на 22 април за потоа да го поместат датумот на 12 април.

Овој голем мултинационален град, кој е втор по големина во Јужноафриканската Република, се соочува со голема суша предизвикана од климатските промени, но и од константниот пораст на популацијата, која моментно брои околу 4 милиони.

Фотографии од луѓе како чекаат во ред за да наполнат вода која се снабдува од цистерни го обиколија светот. Властите издадоа упатства за жителите како да се однесуваат за да заштедат што повеќе вода. Една од мерките е да не се тушираат подолго од 90 секунди и никој не смее да користи повеќе од 50 литри вода дневно.

Сепак, и покрај упатствата и предупредувањата, градоначалничката на Кејптаун изјавила дека потрошувачката на вода не се намалила значително.

„Неверојатно е тоа што на некои граѓани воопшто не им е грижа и поради тоа сега сите одиме кон ‘нулта денот’. Повеќе не можеме да бараме од луѓето да штедат вода, туку мора да ги присилиме на тоа“, рекла Патриција де Лиле.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски