После конфликтот со родителите, 13-годишно дете го украло автомобилот од татко му и успеало да се провози по Европа, цели илјада километри пред полицијата да го најде.
Тој од Италија стигнал до Австрија, па продолжил до Германија, и стигнал на 150 километри од границата со Полска каде го фатила полицијата.
Детето тргнало кон Полска затоа што таму е роден, а го посвоила италијанска двојка пред две години.
Како што објасни, детето сакало да се види со сестра му која останала во Полска, а со која контактира преку интернет.
Тоа што е неверојатно, е тоа дека дури два пати успеал да го наполни резервоарот со бензин пред да биде фатен од полицијата.