Вевчанци и годинава се покажаа како доста креативни,па маските кои ги осмислуваа во текот на целата година предизвикаа интерес кај пристутните на годинешниов карневал.
Вевчанци поучени од минатата година кога маските кои се однесуваа на исламот и кои предизвикаа негативни реакции кај Муслиманите во земјава и беа причина за протести изостанаа.
Но затоа пак најатрактвни беа маските со ликовите на дел од македонските политича ри Амди Бајрам, Црвенковски, Поглаварот на МПЦ Г-дин Стефан со лопата во раце, американскиот претседател Барак Обама како и маската која означуваше една година од погребувањето на Грција кое се случи на минатогодишното карневаласко издание.
Присутни беа и традиционалните маски , младоженецот, невестата, глупавиот Август и ѓаволот кои први излегоа на сред село.Смеа до солзи имаше и за вевчанската шмизла на мотор, инвалидизиирани лица изврзани со завои и облеани во крв.
За разлика од минатите години кога македонските политичарите беа редовни гости на карневалот оваа година тие изостанаа. Дојде единствено заменикот министер за култура Драган Недељковиќ . Градоначалникот на Вевчани рече дека неговите сограѓани годинава покажале дека се мудри луѓе.
„Вевчанци и овојпат покажаа дека се мудри луѓе кои приредуваат вистинско уживање за сите посетители, а Вевчани деновиве е топ туристичка дестинација, благодарение на карневалот“ рече Илиевски.
Карневалот во Вевчани е еден од најстарите во светот, со традиција повеќе од 1.400 години.
Мики Трајковски