Во Пакистан денеска загинаа 14 војници, а повредени се 25 кога, при минување на воениот конвој, експлодирала бомба поставена покрај патот во племенската област Северен Вазиристан, која граничи со Авганистан.
Импровизираната бомба експлодирала во моментот кога воениот конвој минувал низ селото Досали, во областа каде владее беззаконието и која е упориште на талибанските бунтовници.
Во пакистан во четвртокот беше извршена серија бомбашки напади, во кои се убиени 125 луѓе, во провинцијата Белуџистан и градот Мингора во долината Сват, по што пакистанската Влада прогласи тридневна жалост.
Новите напади во Пакистан создаваат дополнителен страв дека исламистичкиот бунт би можел да ги загрози изборите кои треба да се одржат во мај.