Во сообраќајна несреќа во Камерун загинаа дваесетина патници кога автобус слетал од патот во бездна и удрил во дрво, соопшти гувернерот на покраината во Камерун каде што се случи несреќата.
Според неговите зборови, повредени се 38 лица, но можно е бројот на жртви да се зголеми. Во автобусот на нерегистриран превозник, што патувал од Џанга во Дуала, имало 70 патници. Причината за несреќата не е позната.