Владата на Малезија одобри нова потрага во Индискиот Океан по авионот на „Малезија ерлајнс“ кој исчезна пред четири години.
Авионот со 227 патници и 12 членови на екипажот исчезна на 8 март во 2014 година на летот Куала Лумпур-Пекинг. Од тогаш на брегот на Индискиот Океан се пронајдени неколку делови кои ги исфрлила водата, но ниту еден не помогна да се одреди каде паднал авионот.
Владите на Малезија, Кина и Австралија на 17 јануари 2017 година ја запреа неуспешната потрага која траеше 1.046 дена. И понатаму е мистерија зошто авионот летал во спротивен правец од зададениот курс.