Лионел Меси најголемиот дел од дербито со Реал го поминал „во шетање“. Тој не трчал, туку се движел бавно 83,10 проценти од натпреварот кој го доби Барселона.
Аргентинскиот репрезентативец во спринт минал само 1,15 проценти, додека лесно трчал 10,80 проценти. Меси во трчање со нормална за него брзина поминал 4,95 проценти.
Спринтот на Меси бил со брзина 33,59 километри на час, а вкупно на целиот натпревар поминал 8,03 км.
И покрај ваквите бројки „мрзливиот“ Меси постигна гол (од пенал) и асистираше во триумфот на Барселона со 3:0.