Властите во Тунис забранија на сите авиокомпании од Обединетите Арапски Емирати нивни авиони да слетуваат на туниска територија, соопшти МИнистерството за сообраќај на Тунис.
Таа забрана следува два дена откако официјалните претставници од туниската влада соопштија дека ОАЕ забранија на жени од Тунис да слетуваат на нивна територија или ОАЕ да ја користат како транзит држава.