Палестински тинејџер дванаесетата жртва од судирите помеѓу демонстрантите и израелските сили

Од:

Портпаролот на министерството за здравство на палестинската власт, Ашаф ал-Кудра соопшти дека тинејџерот Мухамед Сами ал-Дахдух (19) е дванаесетата жртва од судирите помеѓу палестинските демонстранти и израелските сили.

Тинејџерот беше повреден на протестите на 15 декември, но денеска им подлегнал на повредите.

Вкупно 12 Палестинци беа убиени од 6 декември, 10 од нив на демонстрациите, а двајца при воздушниот напад врз Газа.

Меѓу убиените Палестинци е и Ибрахим Абу Тураја, ветеран од палестинскиот отпор кој ги загуби двете нозе во израелски напад.

Официјален претставник на ОН побара истрага за убиството на Тураја, а израелската армија соопшти дека е „невозможно да се утврди што ја предизвикало смртта” на ветеран од палестинскиот отпор.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Бени Ганц, член на воениот кабинет на Нетанјаху, најави оставка

A1on

Во Израел се одржаа демонстрации за ослободување на заложниците, уапсени 33 лица во Тел Авив