НЛБ Нов пензиски фонд продаден на „Сава Ре“

Од:

Пензиското друштво „НЛБ Нов пензиски фонд“ е продадено на групацијата „Сава Ре“ од Љубљана, која ги купи 100 отсто од акциите во овој пензиски фонд.

Договорот за купопродажба беше потпишан денеска во просториите на НЛБ Банка во Скопје, а конечното одобрение за оваа трансакција треба да го донесе Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Менаџментот на НЛБ Банка потенцира дека повлекувањето од сопственоста на НЛБ Новиот пензиски фонд не значи повлекување на банката од Македонија, туку напротив нивно поголемо фокусирање во банкарскиот сектор, а со продажбата на пензискиот фонд на осигурителната групација „Сава Ре“ бенефит ќе имаат и пензискиот фонд и неговите членови.

Би можело да ве интересира

НЛБ Банка со нова кредитна линија за поддршка на конкурентноста на правните лица

А1он

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

Ана Ололовска

Ограбувачот на НЛБ успеал да украде над 8 илјади евра

А1он

Во грабежот во НЛБ Банка во Сарај украдени 115 илјади евра

Татјана Ташкова

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Сарај

Ана Ололовска

НЛБ Банка воведе нов Брз потрошувачки кредит