Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Сарај

Од:

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во Сарај се случи грабеж од вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, велат од НЛБ Банка.

„Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите.

Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства“, соопштуваат од НЛБ Банка.

Би можело да ве интересира

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

Драма во Германија: Заложници се заклучени во банка, центарот на градот е блокиран

Горан Наумовски

Спречен бомбашки напад пред Банка на Америка во Париз

А1он

Отворена нова модерна експозитура на НЛБ Банка на локацијата „Универзална Сала“

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка