НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

Од:

НЛБ Банка ги повикува клиентите – корисници на домашни платежни картички за финансиска поддршка, со цел точна и навремена достава на картичките, во најкус можен рок да ги ажурираат своите податоци преку веб страницата на Банката на линкот:  https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx

dobivaj vesti na viber

-Поради актуелната кризна ситуација, а со цел избегнување на гужвите во експозитурите, НЛБ Банка се погрижи клиентите своите картички да ги добијат директно до своите домови. Со цел да излеземе во пресрет на клиентите и да овозможиме квалитетна услуга и навремена достава на картичките, апелираме до сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа преку веб страницата на Банката, наведуваат од НЛБ Банка во соопштението.

Додаваат дека клилентите веќе извршиле ажурирање, нивните картички се во фаза на изработка и дистрибуција, а за доставата ќе бидат информирани преку СМС пораки.

НЛБ Банка ја поддржува оваа Владина иницијатива преку издавање на 113.000 платежни картички. Нивното издавање се одвива етапно и до овој момент Банката има изработено повеќе од 80.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција до клиентите.

За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: [email protected] или директно да ја контактираат Банката преку нивните социјални мрежи.

Би можело да ве интересира

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

А1он

НЛБ Банка со нова кредитна линија за поддршка на конкурентноста на правните лица

А1он

Ќе се носи нов закон за платежни услуги и платни системи

А1он

Промени во раководството на НЛБ Банка АД Скопје

А1он

Тетовец скоро цела година тајно трошел од картичката на сопругата, сега може да оди во затвор

Жарко Настоски

Месната индустрија бара да се вратат ваучерите „Купувај домашно“

Ана Ололовска