Околу 6.000 Африканци кои учествуваа во исламистичките борби на Блискиот исток може да се вратат во Африка, предупреди вчера комесарот за мир и безбедност на Африканскиот сојуз, Смаил Шерги.
– Според податоците, меѓу 30.000 странци кои се приклучија на терористичката група Исламска држава на Блискиот исток, има 6.000 африкански војници, изјави Шерги на средба посветена на борбата против тероризмот во алжирскиот град Оран.