Шилегов се сретна со градоначалникот на Тирана

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во рамки на посетата на Тирана оставари средба со Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај. На средбата беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу двата збратимени града и разменување на искуства во интерес на граѓаните.

– Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двата града и размена на искуства во однос на сличните проблеми кои ги имаат Скопје и Тирана. Сите корисни искуства и реализаирани одредени проекти на Тирана може да бидат добри и корисни за граѓаните на Скопје. Верувам дека и нашите искуства од овој краток период може да бидат корисни за граѓаните на Тирана, изјави Градоначалникот Шилегов.

Градоначалникот Велијај истакна дека премиерите на Албанија и Македонија, отвориле ново поглавје за соработка помеѓу двете земји, а таквата позитивна клима треба да ја искористат и главните градови на двете држави.

Би можело да ве интересира

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Македонец баран со меѓународна потреница уапсен во Тирана

Катерина Ѓуровски

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана

Судија убиен во апелацискиот суд во Тирана

А1он