Србија и Бугарија го потпишаа Меморандумот за намалување на меѓународните цени за роаминг и за електронски комуникациски услуги.
Меморандумот беше потпишан денеска во Белград од страна на српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ и бугарскиот министер за сообраќај, информатички технологии и врски Ивајло Московски.
Потпишувањето на Меморандумот беше во рамки на денешната средба на српскиот претседател Александар Вучиќ со премиертите на Грција, Алексис Ципрас, на Бугарија, Бојко Борисов и на Романија, Михај Тудосе.
Бугарија освен со србија ваков договор има потпишано и со Македонија, а најавија дека преговараат и со Албанија и Црна Гора.