ВИДЕО: Брижит Макрон кума на првата панда родена во Франција

Од:

Првата панда родена на француско тло, по четири месеци доби и име, за коешто решаваа претставници од Кина и француската прва дама Брижит Макрон.

Мечето се вика Јуан Менг, што на кинески значи „остварување желба” или „достигнување на сонот”, а „свеченото крштевање“ се одржа во зоолошката градина „Бовал“ во Париз. На настанот присуствуваа стотина новинари.

– Јуан Менг е врска меѓу две земји кои навистина имаат многу да споделат. Пандите се илустрација на секогаш продуктивниот дијалог меѓу нашите два народа, кои со векови се чуваат, слушаат и разбираат едни со други, нагласи Брижит во своето прво официјално обраќање, откако нејзиниот сопруг Емануел Макрон стана претседател на Франција.

На снимките се гледа и како малата панда го „напаѓа“ придружникот на првата дама на Франција, кога тој сакаше да ја погали.

По традиција, Кина и овојпат го задржа правото да ја именува пандата, иако таа е родена вон земјата. А, Брижит Макрон, којашто официјално е кума на мечето, само го објави неговото име. 

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он