Потребни се итни мерки за заштита: Балканскиот рис прогласен за критично загрозено животно

Од:

Во рамки на 37-та средба на постојаниот Комитет на Бернската Конвенција во Стразбур, балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) е вметнат во Прилог бр.2 како критично загрозено животно за коешто потребни се итни мерки за заштита, информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Ваквата олука била донесена по иницијатива на албанското Министерство за туризам и животна средина.

Според Македонското еколошко друштво ова претставува големо признание и чекор напред кон заштитата на загрозеното животно, присутно само на Балканот.

„Овој успех дава поголем акцент на заштитата на балканскиот рис. Европските конвенции ја препознаваат важноста и итноста за поголема легална заштита на овој вид. Ова признание игра улога и во спречување на нелегални и непотребни активности во подрачјата каде што рисот е распространет и секако дека ќе помогне во борбата за заштита на рисот“, вели Диме Меловски, раководител на Програмата за заштита на балканскиот рис од Македонско еколошко друштво.

Според експертите, се проценува дека шумите во Западен Балкан се населени од помалку од 50 возрасни единки, а целата популација се состои од 20 до 39 возрасни единки. Досега присуство на балкански рис е потврдено во Западна Македонија, посебно во и околу националниот парк „Маврово“, како и планините Мунела, Шебеник и Албанските Алпи во Албанија. Според последните истражувања со фото-замки потврдено е присуство на најмалку две единки во Западно Косово. Присуството на балкански рис во Црна Гора и Грција сé уште не е потврдено.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Примерок на Балкански рис повторно „фатен“ од камерите на Националниот парк „Галичица“

Ана Ололовска

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска