Политички консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Црна Гора

Од:

Денеска во Скопје се одржаа политички консултации помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Црна Гора предводени од државниот секретар Виктор Димовски и генералниот директор во црногорското МНР за билатерални односи, Иван Лековиќ.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи помеѓу двете држави во сите области од заемен интерес. Воедно, беше реафирмирана заедничката европска и евроатлантска определба на двете земји и подготвеноста за унапредување на соработката во оваа област и натамошна меѓусебна подршка. Во овој контекст, од црногорска страна беше реафирмирана силната поддршка за скорешно членство на Република Македонија во НАТО, како важен предуслов за зацврстување на мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион.

Двете делегации разменија мислења и за можностите за унапредување на соработката и во останатите области, а особено во областа на економијата, енергетиката, транспортот, туризмот, земјоделието, образованието и културата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Црна Гора

На 57 години Соња се породи во Скопје, со 61 годишниот сопруг планираат уште деца

А1он

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани