САД апелираат да се прифати пресудата на Хашкиот суд за Прлиќ и останатите

Од:

Американската амбасада во БиХ соопшти дека е запозната со денешната пресудa на Жалбениот совет на Хашкиот трибунал и оти САД ја поддржуваат „важната работа“ на овој Суд и ја почитуваат неговата пресуда.

– Денешната пресуда во случајот против Јадранко Прлиќ и останатите претставува важен чекор кон утврдување на одговорноста на поединците кои предизвикале страшни страдања на граѓаните на Босна и Херцеговина. Се надеваме дека оваа пресуда на жртвите и нивните семејства ќе им донесе мир и ќе им даде чувство дека правдата барем до некаде е задоволена, се вели во соопштението на американската Амбасада.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска