Кина негира вмешаност во политичката криза во Зимбабве

Од:

Кина беше обвинета дека се меша во политичката криза во Зимбабве, откако командатот на армијата на Зимбабве, Константино Чивенга беше во посета на Пекинг, непосредно пред смената на Мугабе.

Официјален Пекинг негира дека биле вмешани во смената на власта и објаснуваат дека оваа поета била дел од нормалните односи меѓу двете држави.

– Посетата на Чивенга на Пекинг е дел од нормалните односи меѓу двете држави. Оваа посета беше испланирана одамна од страна на поранешниот претседател Роберт Мугаби. Кина се води по принципот на немешање во внатрешните работи на други држави, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, Ган Шуан, кој негираше кинеско влијание врз политичките настани во Зимбабве.

Тие ја поздравија оставката на Мугабе и изразија надеж дека Зимбабве успешно ќе се развива под раководство на Мнангагва.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он