Претседателот на Малта Џорџ Абела денеска го распушти Парламентот и закажа парламентарни избори за 9 март во оваа средоземноморска држава.
Претседателскиот указ беше очекуван, откако на 10 декември Владата на Малта не успеа да го изгласа предлог-буџетот за оваа година.
Се очекува во текот на денешниов ден премиерот Лоренс Гонци и лидерот на опозицијата Џоузеф Мускат да им се обратат на своите сопартијци и да ги започнат предизборните кампањи.