Ликот кој што го толкува актерот Кевин Спејси ќе биде избиршан од завршениот филм на Ридли Скот „Сите пари на светот“, а неговата улога ќе ја добие Кристофер Пламер.
Според извори од продукцијата, Пламер веднаш започнува со снимање, што значи дека сите сцени каде што се појавува Спејси ќе бидат преснимени, а во преснимувањето ќе треба да учествуваат и Марк Волберг и Мишел Вилијамс.
Ридли Скот планира дополнителните снимања да бидат завршени пред закажата премиера во САД на 22 декември.