Фудбалерот на Ница, Марио Балотели, изрази жалење поради одлуката Андреа Пирло да ја заврши професионалната кариера.
38-годишниот Пирло вчера одлучи да стави крај со професионалното играње фудбал и предизвика емоции кај контроверзниот Балотели
– Единствен, извонреден, феноменален. Ми беше чест да играм со тебе и ти благодарам за се, напиша Балотели.
СуперМарио додаде: „Мислам дека Пирло можеше да игра уште 10 години”.