Компанијата Епл пред неколку дена во продажба го пушти долгоочекуваниот „Ајфон 10“, а тоа беше причина нивниот главен конкурент Самсунг да направи видео со шега на нивна сметка, нагласувајќи ја сопствената супериорност.
Во видото со наслов „Растење“ главна улога има лик кој што својот прв Ајфон го купува во 2007 година и со секој следен модел е се поразочаран, со оглед на тоа што неговата девојка користи Самсунг, кој има понапредни функции.
Пресвртната точка доаѓа кога го купува Ајфон 7, кој што нема џек за слушалки, па за негов следен телефон избира Самсунг.