Заев: Очекуваме жестока реакција од Русија за НАТО, но подготвени сме на се

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за црногорското радио „Антена М“, изјави НАТО и ЕУ се единствена алтернатива за Македонија, и оти очекува жестока реакција од Русија кога ќе дојде време за прием на земјата во Северноатлантската алијанса.

Заев гостувајќи во емисијата „Жива вистина“, рече дека е подготвен за жестоката реакција од Москва, слично како што беше случајот и со приемот на Црна Гора во НАТО.

– Реагираа за Црна Гора, ние сме подготвени бидејќи мојата земја нема алтернатива. Повторувам, ние сакаме да ја унапредиме соработката со Русија, сакаме на пример таму што повеќе да продаваме домати, зелка и други земјоделски производи. Сепак, ние немаме алтернатива, нашиот избор се ЕУ и НАТО, истакна Заев.

Вели дека е подготвен на се за остварување на овие цели бидејќи, како што подвлекува, тоа е единствена опција.

– Знам дека имаше обиди за ликвидации и добро е што навреме се реагираше и тоа беше спречено. Некои аналитичари ми велат – сега си ти на ред. Ако нешто треба да се случи, нека се случи. Јас ја прифатив работата на премиер, на мојата земја и треба лидер и подготвен сум да носам одлуки какви што очекуваат нашите граѓани, по секоја цена, па нека биде што биде, изјави премиерот Зоран Заев, додавајќи оти е уверен дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија ќе продолжи да го подобрува нивото на борбена обука на своите поморски сили

(ВИДЕО) Украинците со дронови го нападнаа Санкт Петербург каде гостин беше Путин

Горан Наумовски

Драма во Русија: Возачот ја губи контролата, силно полициско присуство на местото на настанот

Речиси 100 украински дронови соборени над руски региони

Русите имаат ново оружје: Ова е „ѕвер“ што ги тресе силите

Русија сака да заземе повеќе територија пред да истече ултиматумот на Трамп