Ентони Кобровиски пливал во океанот во близина на рибарската населба Генсбај во Јужна Африка кога имал блиска средба со голема бела ајкула.
Кобриовиски, кој организира туристички тури успеал да ја сними средбата.
– Генсбај е дефинитивно местото каде што има најмногу бели ајкули на светот, но до сега вака блиску сум бил само до тигар ајкула, рече Кобровиски.
– Возбуден сум што имав вака блиска средба и успеав тоа да го снимам. Нашата цел не е да ја исплашиме ајкулата, ниту да ја претставиме како негативец, додаде тој.