(Видео) Заев во Тетово: Барам поддршка за Теута Арифи, заедно ги трасираме патиштата на модерна Македонија

Од:

Благодарам за негувањето на вредностите зад кои стоиме сите. Испишуваме историја. Тука сме од сите етнички заедници. Ова е нашето богатство за иден раст и развој на Тетово и на Република Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со граѓаните од оваа општина.

-Кога го испорачавме концептот едно општество за сите не беше лесно да се верува. Многу од вас застанаа зад него, дека е вредно да се бориме. Една од нив беше и сегашната и идна градоначалничка на Тетово, Теута Арифи. Барам поддршка за Теута Арифи, знам дека вреди ова зад што стоиме исправени, ќе се гордееме и пред деца и пред внуци, овој концепт е единствената алтернатива за Македонија, додаде Заев.

-Посебно ми е чест да дадам поддршка на жена борец која се одважуваше да го каже тоа што го мисли, зашто и значи Тетово како и Македонија, рече Заев.

Тој дополни дека Тетово и Македонија се богатство на различности, исто како Европа, дека со предизборната коалиција СДСМ и партнерите и ДУИ овозможиле и последните предрасуди да се стават на страна и да се почне со решавањето на суштинските економски и инфраструктурни проблеми на граѓаните.

-Ајде да ги прекршиме до крај работите, нека блеснат различностите во нашето единство, во нашата Република Македонија. Ги трасираме патиштата на модерна Република Македонија. Поддржете ја Теута Арифи. Ќе има живот и во општина Тетово како во цела Македонија, порача меѓу другото, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешното обраќање пред граѓаните во Тетово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски