Илјадници Малтежани денеска излегоа на улиците на главниот град Валета за да ја изразат својата желба за единство во земјата по смртта на новинарката и блогерка Дафне Каруана Галиција која беше убиена во понеделникот.
Организаторите на протестниот марш во Валета им порачаа на сите учесници да го носат само знамето на земјата. Во демонстрациите учествуваше и претседателката Мари Луиз Колеиро Преца, както и повеќе пратеници. На народните избраници им беше забрането да даваат изјави и да говорат на протестот.
„Новинарите нема да бидат принудени да молчат!“ и „Ние не се плашиме“ беа само некои од транспарентите што ги носеа демонстрантите.
Според некои локални медиуми, демонстрантите исто така побарале и оставка од началникот на полицијата, како и од јавниот обвинител на Малта.