Раководството на Барселона ќе му понуди договор на неопределено време на својот најдобар фудбалер Лионел Меси, соопшти извршниот директор на клубот Оскар Грау.
Аргентинецот преговараше со раководството и се согласи за нов четиригодишен договор во јули, но официјално се уште го нема потпишано.
Грау даде изјава за време на Годишното собрание на клубот и изјави дека Меси ќе добие предлог, слично на она што потпиша друг главен играч на тимот – Андрес Иниеста минатиот месец. Се работи за договор кој ќе го задржи играчот во клубот до крајот на неговата кариерата.
– Идејата е Лео, кој е тука од дете да остане во Барселона доживотно. Тој е икона и заслужува тоа. Откако ќе ја заврши својата кариера, сакаме тој да остане поврзан со клубот, рече Грау.