Ивица Олиќ се врати во репрезентацијата на Хрватска, сега како дел од стручниот штаб.
Поранешниот репрезентативец во иднина ќе ја извршува функцијата помошник-тренер на новиот селектор Златко Далиќ.
– За мене е чест повторно да бидам дел од хрватскиот национален тим, иако и овој пат во поинаква улога. Верувам дека можам да помогнам да ја постигнеме целта, а тоа е пласман во финалето на Светското првенство во Русија, изјави поранешниот напаѓач.
Хрватска ќе игра против Грција во ноември во плеј-офот за пласман на Мундијалот 2018.
38-годишниот Олиќ како фудбалер тој запиша 104 натпревари и 20 гола за репрезентацијата на Хрватска со четири учества на Светските првенства и уште две европски првенства.