Мал застој во гласањето на едно избирачко место во Кавадарци

Од:

Мал застој во гласањето имало денеска на едно избирачко место во Кавадарци.

– Постар брачен пар отишол да гласа. Откако регуларно си изгласал за себе, мажот ги земал и двете ливчиња на сопругата. На едното дури и заокружил место неа. Од страна на избирачкиот одбор му биле одземени тие две ливчиња и интервенирала полицијата. По мал застој гласањето продолжило, информира Зоран Костов, претседател на Изборна комисија Кавадарци.

Тој истакна дека на сите останати избирачки места гласањето се одвива без проблеми.

До 13 часот во Кавадарци излезноста е 34,7 отсто, Неготино 35,52, Демир Капија 47,53, а Росоман 27,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа