Малезија, Индонезија и Филипините ќе започнат заеднички воздушни контроли над јужните Филипини следниот месец, за да ја совладаат сѐ поголемата закана од исламските екстремисти.
САД веќе започнаа заеднички патроли на морето пред четири месеци во истата област.
Стравувањата дека ИД се обидува да направи свое упориште во Југоисточна Азија на југот на Филипините, се сѐ поголеми откако во мај вооружени напаѓачи, мавтајќи со џихадистичко знаме, го презедоа муслиманскиот град Марави.
Тие речиси пет месеци се бореа против војската поддржана од САД, а во судирите беа убиени стотици луѓе.