Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Од:

Соединетите држави ги осудија „опасните и ескалирачки“ акции на Кина против легитимните филипински поморски операции во Јужното Кинеско Море.

„Брод на кинеската крајбрежна стража намерно трипати се судри со брод на филипинската крајбрежна стража, кој ја практикуваше својата слобода на навигација во филипинската ексклузивна економска зона, предизвикувајќи штета на бродот и загрозувајќи ја безбедноста на екипажот на бродот“, рече портпаролот Метју Милер.

Во соопштението се вели дека тоа е најновата во серијата опасни и ескалирачки акции на Кина во областа во текот на август.

Кинеската крајбрежна стража во саботата објави дека филипинскиот брод, „незаконски застанат“ во областа Сабина Шоал, го подигнал сидрото и „намерно удрил“ во кинески брод, додека филипинската крајбрежна стража соопшти дека кинескиот брод „се судрил“ со еден од бродови Манила.

Пекинг претендира на целото Јужно Кинеско Море, вклучително и делови што им припаѓаат на Филипините, Брунеи, Малезија, Тајван и Виетнам. Се верува дека делови од морето, низ кои поминуваат стоки во вкупна вредност од три трилиони долари годишно, се богати со наоѓалишта на нафта и гас и рибни резерви.

Во 2016 година, Постојаниот арбитражен суд утврди дека барањата на Кина немаат правна основа, одлука што Пекинг ја отфрла.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија