Бочварски: Реализација на капитални проекти за Штип

Од:

Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ Благој Бочварски истакна дека во текот на изборната кампања промовирани се сите капитални проекти кои, како што рече, ќе се реализираат по 15 октомври. Меѓу нив се гасификацијата, изградба на брана на реката Отиња, жичара на тврдината Исар и чистење на депониите.

– Намалување на цената на водата за пиење која што е од ЈП „Исар“ за 10 отсто, намалување на сметките за смет за уште 10 отсто за секој оној кој што селектира отпад, градење градинка во населбата Сењак, најави Бочварски.

Тој истакна дека преку изборната програма во која се нотирани проекти за Штип покажале како ќе работи новата локална власт. Бочварски ги повика граѓаните да излезат на 15 октомври и да го остварат своето гласачко право.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани