Централен митинг на Алијансата за Албанците во Гостивар

Од:

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на митингот што вечерва се одржа на градскиот плоштад во Гостивар ја побара поддршката од гостиварци за нивниот кандидат Арбен Таравари на претстојните локални избори.

– Секаде каде што одиме наидуваме на бројна поддршка, но тоа што ме прави горд е дека и тука вечерва со нас се младите во голем број. Тие ја карактеризираат Алијансата за Албанците и не карактеризраат сите нас. По 15 октомври, и јас како пратеник и Арбен како министер, за жал, ќе треба да се повлечеме од функциите, но Струга и Гостивар ќе не добијат како градоначалници, рече Села.

Кандидатот за градоначалник Таравари ги поздрави присутните на македонски, турски и албански јазик.

– Со нас вечерва е целата елита на Гостивар и најдобрите луѓе, не само од Гостивар туку и од околината, а тоа е многу важно. Така беше кога влегов во Министерството за здравство и таму имав добра екипа и имав добри резултати. Мене ми е потребна екипа, која ќе ме поддржи и ќе работи со мене. Таа екипа е токму на листата на кандидати за членови на Советот. Во неа има петмина доктори на науки, пет магистри и докажни професионалци. Немам сомнеж дека со таква екипа ќе бидеме најдобри. Затоа кога ќе гласате, гласајте за нив, рече Таравари.

Тој се заблагодари на иселениците кои допатуваале за да гласаат за него и „Алијансата“ и им вети безрезервна поддршка за да инвестираат во родниот крај.

Носителот на советничката листа Бесим Мемеди порача дека нивната програма предвидува ден на младите и центар за млади.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања