Заев: Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУ

Од:

Доста беше лажен патриотизам. Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУ, рече на вечерашниот митинг во Прилеп лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Македонија, нагласи Заев, ќе го реши проблемот со името, а граѓаните ќе бидат горди Македонци.

– Ќе покажеме дека можеме да решаваме проблеми со пријателство и добар дух зашто нашата иднина се ЕУ и НАТО. Доаѓа ново време за нашата земја, Македонија е разбудена, истакна Заев.

Тој е убеден, како што напомена, дека огромни разлики ќе има на изборите.

– Сакам во Прилеп да ја завршиме работата уште во првиот круг, му личи, тоа е град борец. Дојде време да се сменат работите, но треба сите да придонесеме за тоа. Амбиентот во Владата е да продолжи децентрализацијата, да се поттикне регионалниот развој и да се овозможат 100 милиони евра за оваа намена, подвлече Заев.

Гасификација, нов театар, регулирање на депониите, водоводи и канализации во селата, поголеми субвенции за тутунарите, како и поддршка за Ромите, беа само дел од проектите што ги најави претседателот на СДСМ.

И кандидатот за градоначалник од СДСМ во Прилеп Илија Јованоски најави економски развој на општината, гасификација, нови улици, чист воздух, доволно вода за пиење, пониски сметки, нов театар, стипендии за талентираните студенти, помош за учениците од ранливата категории семејства, две нови обиколници, реконструкција на салата „Македонија“, нов спортско-рекреативен центар, бесплатен превоз за сите пензионери, реконструкција на Старскиот дом, вода, струја и пат до нивите и поила за добитокот во сите населени места, улично осветлување во секое село….

Јованоски најави и департизација на администрацијата, но, како што нагласи, без никој вработен да го изгуби работното место.

Воедно подвлече дека бегалци и бегалски кампови нема да има.

– Дојде време да ги вратиме честа и достоинството на Прилеп. Не смееме да го оставиме да тоне и понатаму. Доста беа закани, притисоци и поткуп, собирање арач од дуќанџиите, занаетчиите,… Во недела ќе ја славиме победата, рече Јованоски.

Обвинувајќи го претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ дека го трошел општинскиот буџет без исав, дека го уништил спортот во градот и од фудбалскиот клуб „Победа“ направил бизнис екипа, Јованоски пред граѓаните најави и враќање на достоинството на тутунарите преку повискои субвенции, до 80 денари за повисока класа тутун, враќање на достоинството на бранителите, вода за пиење и улично осветлување за Ромите од „Три багреми“ и „Мексико“,…

СДСМ и коалицијата претходно одржаа митинг и во Крушево, како и средби со жители на Долнени, Кривогаштани, Дебреште и Лажани.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби