Села: Не гласајте за оние чиј збор и ветување се лага

Од:

Не го давајте својот глас на оние што ја ограничуваат слободата на другите, на оние чиј збор и ветување се лага. Гласајте за луѓето кои се грижат за вашата иднина, за подобра економија, враќање на имиџот на Дебар, порача лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села од вечерашниот изборен митинг во Дебар.

На митингот беа претставени кандидатот за градоначалник Арбен Аголи и листата за советнци чиј носител е Илирјан Фетаху.

– Не може да им верувате на лагите на нашите опоненти. Тие гласаа за девијација на текот на Радика, а потоа кажуваа дека го стопирале тоа, манипулаторите со монтираните процеси од 2003 и 2012 година. Здравјето на вашите деца сте му го довериле на педијатарот Аголи, зошто да не му го дадете и гласот за градоначалник. Гласајте за подобар Дебар и посреќна иднина на сите граѓани во општината, истакна Села.

Кандидатот за градоначалник Аголи кусо се обрати и на македонски јазик за, како што рече, да искаже почит кон пријателите дојдени да му дадат подршка.

– Ќе го решам проблемот со водоснабдувањето на градот, проблемот со депонијата која катадневно го труе вашето здравје, ќе потпишеме договор со општина Струга за 24-часовно работење на колекторот за да не се загадува Дебарско Езеро, а вечниот проблем со загудувањето на езерото со отпад од Радика ќе го решиме со поставување челична мрежа кај Косоврасти каде што се влева Радика, вети Аголи, според кој вратата на општината секогаш ќе биде отворена за секој граѓанин.

Фетаху, пак, рече дека советниците ќе работиме во интерес на општината и нејзините жители.

– Ние сме поразлични од другите зашто ќе работиме во интерес на општината и нејзините жители, а не како некои други, за свој личен интерес. Ќе работиме за економски развој на Дебар, за подобра и посреќна иднина на сите, посебно на младите кои веќе нема да мислат како да заминат во белиот свет, туку ќе сакаат да останат во родното место, напомена Фетаху и искажа убеденост дека на 15 октомври дебарчани ќе гласаат за Алјансата и за Аголи.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

Горан Наумовски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците: Власта се предаде, паднаа лагите, а саботажата на Коридорот 8 пропадна

Горан Наумовски