Еден човек загина, а најмалку 35 се повредени при експлозија на бомба во пакистанскиот град Карачи.
Бомбата поставена на мопед експлодирала во близина на автобуси во кои активисти од движењето „Мутахида кауми“, кои се враќале од митинг.
Се страува дека бројот на жртвите ќе се зголеми бидејќи дел од повредените се во тешка здравствена состојба.