(ВИДЕО) Заев со кандидатката Халими во Арачиново: Испишуваме историја, ја градиме Македонија земја за сите

Од:

Ја правиме нашата заедничка Македонија земја за почит. Се гордеам со сите вас. Градиме едно општество за сите, носиме живот еднаков за сите, се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Арачиново.

-Ви благодарам што покажавте дека е можно тоа. Да продолжиме, да ги заокружиме промените и да има живот за сите во Арачиново и во Македонија. Вие го кренавте гласот за чиста вода, канализација, градинки, училишта, дека вистинските проблеми на граѓаните се исти за сите, а тоа се условите за живот. Да покажеме дека сме подготвени сплотено и единствени да работиме за заедничка иднина на нашите деца, рече претседателот Заев.

-Со оваа храбра жена отвораме ново поглавје за Арачиново и за Македонија. Позади Миликие Халими, жена борец, стои СДСМ, 22 коалициски партнери, убеден сум дека стои цела Македонија, додаде претседателот Заев.

Кандидатката за градоначалничка, Миликије Халими рече дека “Арачиново е барометар дали Македонија е на вистинскиот пат”.

-Оваа голема присутност тука покажува дека вие граѓаните го препознавте вистинскиот пат, за подобар живот на сите.
Патриотизам се нови работни места, канализации, училишта, градинки, патишта, тоа значи подобар живот.
Гласот за број 19 е глас за надежна, достоинствена иднина за сите нас, порача Халими.

Таа додаде дека “претседателот на СДСМ, Зоран Заев испиша историја, тој кој овозможи сите етнички заедници да ја чувствуваат Македонија исто”.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев дополни дека “повеќе нема делби на општините, ќе има локален развој.

-Секој граѓанин е важен, власта ќе им служи подеднакво на сите граѓани. Заедничка, единствена, сплотена Македонија е нашата иднина. Барам поддршка за бројот 19, за Советничката листа предводена од Агрон Беќири, за кандидатката за градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими, за живот во Арачиново и во Македонија за сите, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Арачино.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски