За време на вчерашниот голем митинг на СДСМ во Скопје, од страна на владејачката партија дополнително биле ангажирани лица да ги обезбедуваат партиските простории на ВМРО-ДПМНЕ во главниот град од евентуални напади од присутните на митингот.
Пред секој штаб на ВМРО-ДПМНЕ беа поставени најмалку петнаесетина лица задолжени да го обезбедуваат партискиот објект од сите кои присуствуваа на митингот на владејачката партија.
Големиот митинг на СДСМ во Скопје се одржа на точно една недела пред локалните избори и на роденденот на Зоран Заев.
Виктор Јованов