(ВИДЕО) Заев: Шуто Оризари предолго беше злоупотребувана општина, на мирни избори да покажеме дека се живее сложно

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот митинг во скопската општина Шуто Оризари ги повика жителите од оваа општина да се придружат на севкупната победа во Република Македонија која носи живот за сите.

„Па нели е доста? Премногу години поминаа… Предолго бевте злоупотребувани за изборни потреби, од ваши сограѓани кои работеа за туѓи интереси, а вас ве заборавија. Изминативе 11 години Шуто Оризари е единствена Општина во Европа каде Ромската заедница е мнозинство. Оваа уникатна можност не смееме да дозволиме да ја пропуштиме. Да покажеме дека во Македонија се живее сложно, и се работи поинаку, во интерес на граѓаните, на сите“, рече Заев.

Тој побара поддршка од жителите на Шуто Оризари на мирен и достоинствен начин да гласаат за кандидатот за градоначалник на СДСМ и на Коалицијата, Курто Дудуш – Куцо, за кого е убеден дека дека од оваа општина ќе направи биде пример за цела Европа.

„Ајде да работиме заедно за да направиме општина во која граѓаните ќе живеат среќно и задоволно и ќе бидат пример не само за Македонија, туку за цела Европа.

Здружено само заедно победуваме. Но, тоа ќе го направиме достоинствено. Без насилство и манипулации. Осудувам било какво насилство во изборниот процес и повикувам да се воздржиме сите од било каква активност која би можела да нанесе дамка на изборите.

Куцо е мој другар и храбар соборец. Со него заедно се изборивме за промени во декември. Како пратеник Куцо храбро се бореше и ги застапуваше вашите интереси во Собранието“, порача вечерва Заев.

Кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов им најави на жителите на Шуто Оризари дека со нив нема да бидат само пред избори, постојано ќе го слушаат нивниот глас и ќе работат за нив.

„Тука ќе бидеме и утре, ќе бидеме и наредниот месец. Секогаш ќе биде тука за вас. Скопје ќе стане град кој ќе работи со вас.Нема веќе да бидете понижувани, нема веќе да бидете деградирани. Вашите проблеми и барања ќе бидат наша обврска“, рече Шилегов.

Тој најави дека во неговиот мандат Скопје ќе биде град што поврзува и најави дека ќе го релаксираат пристапот до главната улица на Шуто Оризари, со обиколница ќе се пренасочи дела од сообраќајот и ќе се уредат тротоарите.

„Шуто Оризари веќе нема да биде слепо црево на градот Скопје. Затоа што Скопје ќе биде Град што поврзува. Шуто Оризари ќе стане дел од градот и сообраќајно и културно и економски. Скопје ќе стане зелен град. Ќе пошумуваме, ќе правиме паркови, ќе создаваме еколошки здрава средина. А, не како досега да се гушиме во отрови, ѓубре и смет. Имаме многу нови проекти кои што заедно ќе ги реализираме. Обезбедуваме услови конечно во Шуто Оризари да има вода во секој дом. Срамота е 21 век, да стојам овде пред вас и да зборувам дека во Скопје, еј, главниот град на Македонија има луѓе кои што немаат вода за пиење во своите куќи“, порача Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш најави дека, со гасификацијата на Скопје, ќе се реши проблемот што жителите на оваа општина го имаат со високите сметки за струја, во зимскиот период.

„Многу наши граѓани се соочуваат со немање струја со години. Токму затоа, Шуто Оризари е дел од проектот гасификација на град Скопје. Како општина која нема пристап до поекониомични извори за греење, нема повеќе да имаме високи сметки за струја. Сите средства кои досега вие граѓаните ги дававте за наплата на сметки, сега ќе ви бидат заштеда која може да ја инвестирате во образованието на вашите деца“, рече Дудуш.

Би можело да ве интересира

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата