Асахи: Пјонгјанг забранува продажба на бензин, исклучок за повисоката номенклатура

Од:

Од крајот на септември е забранета продажбата на бензин на бензинските станици во Северна Кореја. Исклучоци се прават само за високи претставници на вјадејачката партија, Владата, оружените сили и специјалните служби, објави денеска јапонскиот весник Асахи.

Според извори на весникот, мерката е со цел обезбедување залихи на гориво откако во септември Советот за безбедност на Обединетите нации го ограничи извозот на нафта и нафтени деривати за Пјонгјанг. Советот со тоа ја санкционираше Северна Кореја за нуклеарната и ракетната програма.

Асахи тврди дека на севернокорејските бензиски станици се полни гориво „само во резервоари на автомобили со таблици со броеви 727“, какви што имаат само високи државни лица.

Засега нема информации како се одвива јавниот транспорт и транспортот на странците со автомобили. Јужнокорејски медиуми веќе јавија дека од почетокот на годината цените на бензинот во Северна Кореја се зголемени тројно.

Според извори на весникот, Пјонгјанг сака двојно да ги зголеми нафтените резерви, кои во моментот изнесуваат еден милион тони.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он