Хашкиот трибунал затвора канцеларии во Хрватска и Косово

Од:

Хашкиот трибунал објави денеска дека ги затвора теренските канцеларии во Загреб и Приштина. Одлуката е донесена во согласност со стратегијата за завршување на мисијата на Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на подрачјето на поранешна Југославија.

Канцелариите на Хашкиот трибунал во Белград и Сараево остануваат отворени за да продолжат да даваат поддршка за работата на Трибуналот.

Главниот судија на ICTY, Теодор Мерон ја пофали работата на канцелариите во Загреб и Приштина укажувајќи дека „вработените во двата оддела со години работеле со најголема посветеност и давале значајна поддршка за работата на Трибуналот“.

Теренските канцеларии блиско соработуваа со цивилниот сектор, жртвите на војната, претставниците на медиумите, правните субјекти и комплетната јавност за давање точни податоци за работата на Трибуналот.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска