Пет лица се идентификувани и повикани на разговор во полицијата за вчерашната физичка пресметка помеѓу повеќе лица што се случи на ул. Гвадалахара, во Шуто Оризари.
– МВР информира дека веднаш по добиената пријава за нарушување на јавниот ред и мир, преземени се мерки за расчистување на кривично-правниот настан. Идентификувани се и повикани на разговор пет лица кои учествувале во тепачката и во постапка е прибирањето докази за понатамошно постапување, стои во соопштението.
Од Министерството за внатрешни работи најостро ги осудуваат сите облици на насилство, а особено во текот на изборната кампања.
„Изборниот процес, се истакнува, е наменет за преставување на кандидатите и нивните програми и Министерството смета дека тоа е единствениот начин преку кој граѓаните треба да бидат запознаени со учесниците во изборниот процес. Секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран“, посочуваат во соопштението.