Повеќе новини за работата на администрацијата, со систем за вработување според заслугите, и објективни оценки за извршените работни задачи ќе овозможи новиот закон за администрација, најавува министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во интервју за МИА.
– Подготовките на Законот за администрација се во завршна фаза. На него се работи повеќе од една година со голем број домашни и странски експерти, разгледувајќи ги состојбите од Канада, Обединети Нации, Европската Комисија и голем број земји членки на ЕУ. Ќе има многу новини во овој закон. Ќе предложиме дополнителни тестови за влез во администрацијата во зависност од нивото на позицијата за која што ќе се конкурира. За повисоките работни места ќе се вреднува и работното искуство што кандидатот го има стекнато повеќе од дипломата, а не само образованието што го поседува. Едноставно станува збор за целосен систем за вработување според заслуги, оценува Ивановски.
Според него, прв пат ќе се прави и анализа на работни места и во јавната администрација.
– При крај е каталогот на работни места, со што ќе се унифицираат и стандардизираат категориите на работни места и во јавната администрација. Се воведува систем на т.н 360 степени модел на оценување со кое што ќе се добијат многу објективни оценки на крајот од годината за вработените во администрацијата. Ќе се оценува според сработеното на претходно јасно поставени мерливи индикатори на почетокот од годината, а ќе оценуваат и граѓаните преку њњњ.семафор.миоа.гов.мк. Особено се посветува внимание на забелешките од извештајот на ЕУ во однос на припадниците на помалите етнички заедници во Македонија, со цел да се имплементираат нивните препораки и целосното спроведување на Охридскиот Рамковен Договор и вработување според заслуги. Во овој дел се ангажирани експерти од СИГМА. Новиот закон ќе придонесе за професионална, транспарента, деполитизирана и најважно сервисно ориентирана администрација за потребите на граѓаните, наведува Ивановски.
Ефикаснаста на администрацијата, укажува, многу зависи и од раководството во институциите.
– Според повеќето анализи што ги спреведовме преку Таен Клиент, се доаѓа да заклучук дека голема улога имаат функционерите со кои што раководат институциите. Затоа сега водуваме нов механизам т.н Барометар на квалитет со која ќе се мери квалитетот на институциите од аспект на внатрешни перформанси и надворешни фактори во поглед на испораката на услуги кон граѓаните. Ќе се воведе награда на најдобро спроведен проект која ќе биде доделена на институција/сектор/одделение/
Имплементацијата на методологијата „Барометар на квалитет на институции“, појаснува, ќе влијае на создавање конкурентност на институциите во администрација и ќе ги поттикне да ги спроведат дефинираните и планирани реформски процеси во Стратегијата за реформа на јавната администрација.
Евиденцијата во регистарот за државна и јавна администрација, според Ивановски, е континуиран процес, а официјалната бројката на администрацијата ги опфаќа секторите, кои што Уставниот суд на Република Македонија не ги поништи.
– Новиот закон за администрација ќе го регулира и овој дел за да се евидентираат сите вработени во јавната администрација, без разлика дали тие се вработени преку Законот за работни односи, Законот за администрација или некој од материјалните закони на институциите. Воведувањето мобилноста во администрацијата ќе придонесе за балансирање на бројот на вработени според потребите на институциите, во оние што имаат суфицит и дефицит на персонал, истакнува Ивановски.
Тој во интервјуто говори и за подготовките на новиот закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, за кој вели дека по неодамнешните случувања во Собранието била потребна дополнителна аналиа кога ќе почне јавната расправа.
– На последната средба со Здружението на новинари побарано од нивна страна да се разгледа можноста за донесување на овој закон после локалните избори за да нема злоупотреба за време на кампањата. Но, пролонгирањето на донесувањето на овој закон го загрозува спроведувањето на дигитализацијата на теливизиите. Со оглед на новонастаната ситуација во Собранието на Република Македонија, потребна ни е дополнителна анализа кога ќе се започне со оваа расправа. Целта на овој закон е да обезбеди слобода на изразување и слобода на медиумите, заштита и развој на медиумскиот плурализам, право на информирање и пристап до разновидни и независи информации и програмски содржини, како основни начела на демократското општество, посочува Ивановски.
Сето тоа, појаснува, треба да поттикнува развој на медиумите и аудиовизуелните медиумски услуги, развој на независна продукција, поттикнување, унапредување и заштита на културниот идентитет, јазикот и традицијата, поттикнување на јавниот дијалог, толеранцијата и разбирањето меѓу граѓаните и многу други сегменти кои што ќе придонесат и за развој на економијата во Република Македонија.
– Со овој закон се уредуваат правата, обврските и одговорноста на издавачите на медиуми, давателите на аудиовизуелните медиумски услуги и обезбедувачите на програмски пакети. Се надевам дека за брзо време ќе започнеме со јавната расправа за донесување на Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, вели министерот Иво Ивановски во интервјуто за МИА.