(ВИДЕО) Спасовски: Планираме ефикасни решенија за заштита на животната средина, се грижиме за здравјето на граѓаните

Од:

„Ние обезбедуваме ефикасни и рационални решенија за заштита на животната средина, се грижиме за здравјето на граѓаните.

Планираме реновирање на централниот парк во Ѓорче со соодветни содржини од холтикултурен аспект со акцент на зеленилото и изгардба на нови зелени површини и мини паркови кои ќе се наводнуваат со сопствени бунари на техничка вода, како и паркови во Дексион и во другите делови на општината.

Постојно реновирање на сите паркови во состав на зградите со соодветни организирани содржини. Во овој правец ветуваме дека за секој проект кој се планира на просторот на општината ќе биде изработена студија за проценка на влијанието врз животната средина што ќе треба да се изработи во колку проектот има директно или индиректно и кумулативно влијание врз животната средина.

Сите заедно ќе ги подигнеме еколошките стандарди, еколошката свест и квалитетот на живеење, со подобрување на јавното осветлување, преку модернизација на постојното и поставување на нови штедливи, современи, естетски и амбиентални светилки во општината.

За поголема ефикасност и намалување на загадувањето планираме проекти за енергетска ефикаснот, проекти за обновливи извори на енергија, соларни системи и други алтернативни извори, како и еден од најголемите проекти во соработка со Град Скопје, гасификација во општината.

Затоа на 15 Октомври гласајте за живот за младите во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите, гласајте за подобра иднина на нашите деца“ рече Илија Спасовски, носител на листа на Советници за општина Ѓорче Петров од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Побарана подготвителна постапка за четирите малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кривични пријави за четирите малолетнички кои малтретираа 13- годишно девојче во Ѓорче Петров, кривични ќе има и за нивните родители

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот