Дуелот од второто коло во Лигата на шампионите меѓу Спортинг и Барселона закажан за вечер од 20:45 часот може да биде специјален за најдобриот фудбалер на каталонскиот клуб Лионел Меси.
Аргентинецот кој е најавен во гостинскиот состав, ќе го забележи својот 593-ти настап за Барселона и со тоа ќе го достигне Карлос Пујол на третото место на вечната листа во оваа категорија. Најмногу настапи за екипата од „Камп Ноу“ има Чави Ернандес – 767, а на второто место е Андрес Иниеста со 637 настапи.
Пујол се откажа од фудбалот, Чави игра во Катар, додека Меси и Иниеста се уште се активни во Барселона и можат да ги подобрат своите бројки.
Меси покрај третото место по број на настапи во историјата на Барселона, со евентуален погодок против Спортинг ќе стигне до 100 голови во европските купови. Досега има 96 во Лигата на шампионите и три во Суперкупот на УЕФА.