Матис и Столтенберг во ненајавена посета на Кабул

Од:

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска допатуваа во ненајавена посета на Кабул.

Матис и Столтенберг ќе се сретнат со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и со други авганистански претставници со кои ќе разговараат за мисијата за „обука и помош“ за авганистанската армија.

– Разговорите ќе бидат насочени кон партнерството на НАТО и Авганистан, вклучително и мисијата Одлучна поддршка, која подразбира пружање поддршка за авганистанските одбранбени и безбедносни сили, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук страницата на Мисијата.

Пред неколку недели американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе испрати дополнителни 3.000 војници во Авганистан, каде веќе се распоредени 11.000 војници кои ги обучуваат и советуваат авганистанските безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува